ЕК очекува Законот за јазици да се испрати до Венецијанска комисија

15.03.2018 14:02

Очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите ...

Европската комизија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен на увид до Венецијанската комисија.

„Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во Планот 3-6-9 и го нотира вчерашното усвојување. Имплементацијата на Законот треба да биде во согласност со европските стандарди“, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите за да се направи напредок во ЕУ агендата.