Сирија
Хуманитарен конвој влезе во Источна Гута
15.03.2018 14:10
26 камиони превезуваат хуманитарна помош наменета за 26.100 лица. Конвојот е заедничка иницијатива на Црвениот крст, сириската Црвена полумесечина и Обединетите нации.

Конвој со хуманитарна помош влезе во Источна Гута, последното упориште на сириските бунтовници во близина на Дамаск.
26 камиони превезуваат хуманитарна помош наменета за 26.100 лица. Конвојот е заедничка иницијатива на Црвениот крст, сириската Црвена полумесечина и Обединетите нации.
Во енклавата ескалираа насилствата меѓу сириските владини сили и бунтовниците.
