Премиерски оставки во ЕУ

15.03.2018 14:27

Словачкиот претседател Андреј Киска ја прифати оставката на премиерот Роберт Фицо и се согласил со неговото барање и следниот премиер да биде предложен од левоцентристичката партија СМЕР- Социјална демократија. Бела Бугар, председател на партијата на унгарското етничко малцинство МОСТ- ХИД, помал коалициски партнер на Социјалдемократите, најави смена на третина од министрите. Промени и во Владата на Словенија. Премиерот Церар поднесе оставка поради пресуда за проект.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо понуди оставка поради политичкиот притисок и масовните протести по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка. 27-годишниот Куцијак истражувал и пишувал за контактите меѓу Владата и италијанската мафија. Засега нема обвинети за двојното убиство. За оставката Фицо поднесе три предуслови.

Претседателот Андреј Киска да ги почтиува резултатите од парламентарните избори во 2016 година зашто коалицијата има мнозинство, а парламентот работи и е способен да носи одлуки. Второ, претседателот да го почитува коалцискиот договор. Трето, претседателот да гарантира дека најсилната партија СМЕР-СД ќе го бира новиот премиер“, изјави словачкиот премиер, Фицо.

Медиумите веќе шпекулираат дека за наследник би бил избран вицепремиерот Петер Пелегрини. За излез од кризата, помалиот коалициски партнер МОСТ- ХИД се закани дека ќе си замине од владата доколку не се одржат нови избори. Реформи во кабинетот бара и претседателот Киска.

Промени и во владата на Словенија. Премиерот Миро Церар поднесe оставка, бидејќи Врховниот суд го поништи референдумот за еден железнички проект. Според пресудата, владината поддршка на проектот во текот на кампањата на референдумот била еднострана и можела да влијае врз исходот на гласањето.

Септемвриското гласање го поддржа владиниот план за изградба на 27 километри пруга од пристаништето Копер до границата со Италија. Оставката на Церар се случува само три месеци пред парламентарните избори најавени за јуни.

 

Маја Филдишев