Русија го повлекува својот амбасадор од Киев

24.02.2014 11:46

Русија го повлекува својот амбасадор од Киев, бидејќи како што велат, состојбата е се полоша. Администрацијата на Путин најостро го осуди соборувањето од власт на претседателот Јанукович. Привремениот премиер, Олександар Турчинов, инаку близок соработник на премиерката Тимошенко, во обраќањето до нацијата вети дека ќе состави народна влада и додаде дека земјата мора да се врати во семејството на европските земји.

Русија го повлекува својот амбасадор од Киев, бидејќи како што велат, состојбата е се полоша. Администрацијата на Путин најостро го осуди соборувањето од власт на претседателот Јанукович. Привремениот премиер, Олександар Турчинов, инаку близок соработник на премиерката Тимошенко, во обраќањето до нацијата вети дека ќе состави народна влада и додаде дека земјата мора да се врати во семејството на европските земји.

„Нашиот приоритет е да се вратиме на Европскиот интеграциски процес. Треба да ја сфатиме важноста на односите со Руската федерација и да се подготвиме за градење нови добрососедски односи“. - Олександар Турчинов, привремен премиер на Украина

Францускиот претседател Оланд ја поздрави демократската транзиција во земјата, и истакна дека треба да се почитува единството и територијалниот интегритет на земјата.Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Ктерин Ештон се очекува во Киев да разговара за изнаоѓање начин за излез од политичката криза во Украина. Инаку, илјадници антивладини демонстранти и натаму се на киевскиот Плоштад на Независноста. Според податоците на Министерството за здравство, во минатонеделните немири загинале 88 лица, од коишто поголемиот број се емонстранти.

Три лица, од коишто две деца загинале на Тајланд за време на протестите во текот на викендот.Со тоа бројот на загинатите се искачи на 20 лица, а стотици се повредени.

„Слушнав силна експлозија. Веднаш истрчав на местото на настанот. Видов жени и деца како лежат на земјата“.

Според последните информации, премиерката Инглук Шинаватра го напуштила Бангкок и се наоѓа на околу 150 километри од него на непозната локација. Целта на демонстрациите е да ја натераат Шинаватра да си замине од должноста и да се намали влијанието на нејзиниот брат, Таксин за кого многумина веруваат дека е премиер во сенка.

Повеќе стотици лица, облечени во црвено излегоа на улиците на Каракас во знак на поддршка на владата на Венецуела и на претседателот Николас Мадуро, еден ден откако во големите демонстрации на опозицијата загинаа 25 лица. Лидерот на опозицијата, Леополдо Лопез, кој се смета за главниот иницијатор на демонстрациите по неколкудневно криење и се предал на полицијата. Венецуела за уличните немири го обвини Вашингтон, а на тројца американски дипломати им даде рок од 48 часа да ја напуштат земјата.