Се најавуваат измени во регулативата за електронски отпад
Се најавуваат измени во регулативата за електронскиот отпад, со што ќе се зголеми одговорноста на производителите. Во земјава годишно се создаваат над 700 илјади тони отпад, како и повеќе од 15 илјади тони електронски и електричен отпад...

Македонија треба да го подобри менаџирањето со електронскиот отпад, сѐ до влезот во Еропската унија, се подготвуваат измени во Законот- велат од Министерството за животна средина.
Според нив, Законот предвидува поголема одговорност за производителите, оние кои пуштаат ваква опрема на пазарот. Во моментов има четири оператори за собирање на отпадот.
Потребно е да се направи преглед каква е моменталната законска регулатива, кои се главните проблеми на компаниите- вели Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.
Во Македонија годишно се создаваат над 700 илјади тони, 100 илјади од пакувања, а над 15 илјади од електронски отпад.
Андријана Атанасовска
