Метео: Утре температура до 21 степен, врнежи за викендот
15.03.2018 15:48
Во западните и крајните источни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Утре во Македонија се очекува умерено до значително облачно и релативно топло време со умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
Во западните и крајните источни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во текот на викендот.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
