Пратениците ги донесоа измените на Законот за заштита од пушењето

15.03.2018 16:18

На седницата не присуствуваа пратенциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на дебатата беа изнесени спротивставени ставови од пратениците од парламентарното мнозинство...

Пратениците ги донесоа измените на Законот за заштита од пушење, во скратена постапка. За законот гласаа 41 пратеник. На седницата не присуствуваа пратенциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Томислав Тунтев од СДСМ рече дека законските измени се однесуваат на терасите и не значи намалување на рестриктивните мерки на овој закон. Според него, токму рестриктивните мерки применувани во изминатите осум години не дале резултати бидејќи бројот на пушачи не се намалил, а овие измени се во прилог на угостителството.

Во сила останува целосната забрана за пушење во затворени објекти. Ниту едно право на непушачите не е нарушено. Се работи само за тераси, бавчи - платформи, надвор од објектот, каде и сега е дозволено пушењето. Ве повикувам да гласате по свое убедување, рече Тунтев.

Во текот на дебатата беа изнесени спротивставени ставови од пратениците од парламентарното мнозинство. Со донесените измени се предвидува местото за пушење цигари на терасите да биде покриено.