Окрупнување на земјиштето во 12 села
Уште 12 нови села се избрани за продолжување на консолидацијата, односно за прегрупирање и окрупнување на земјоделските парцели. Проектот кој што финансиски е поддржан од Европската унија во вредност од 2,5 милиони евра, го спроведува Светската организација за храна и ќе трае до 2020 година.

Дванаесет локации од целата држава се избрани за консолидација на земјоделско земјиште преку проектот „Мејнленд“, финансиран од Евроската унија, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации.
По пристигнатите 40 изјави за интерес за проектот за консолидација на земјоделското земјиште, поднесени од различни локални заедници избрани се 12 села во неколку општини, односно во Богданци, Битола, Дебарца, Чешиново- Облешево, Ресен во Општина Струмица.
Проектот за консолидацијата има за цел решавање на проблемите со малите и расфрлани површини на зелјоделците.
Селата се избрани според големината и расцепканоста на земјиштето, присуство на повеќе годишни култури и градежни објекти и интересот на земјоделците да се вклучат во процесот. Следниот чекот е објавување на тендер за изработка на студуја за спроведување на проектот за консолидација на земјоделско земјиште.
Методија Трајков
