САД обвинија за руско хакирање на електродистрибутивната мрежа
16.03.2018 10:23
Кремљ негира вмешаност и најави контрмерки на новите санкции од Вашингтон.

Белата куќа ја обвини Русија за континуирана кампања на кибернетички напади врз електродистрибутивна мрежа на САД.
Американското Министерство за финансии веќе воведе санкции против 19 Руси и пет компании и агенции, вклучувајќи и разузнавачки служби, поради вмешаност во последните претседателски избори.
Кремљ негира вмешаност и најави контрмерки на новите санкции од Вашингтон.
В недела во Русија се бира претседател. Според анкетата на истражувачкиот центар „Пју“, Владимир Путин е фаворит без конкуренција и би можел да владее до 2024 година.
