Ставен во мирување штрајкот на рударите во „Саса“
16.03.2018 10:26
Оваа одлука е донесена по состанокот во Владата на кој присусутвувал и менаџерскиот тим на рудникот. Било договорено преговорите да почнат во наредните три дена.

Најавениот штрајк на рударите од „Саса“ и блокадата на патот се ставени во мирување, соопштил претседателот на меѓуетничкиот синдикат „МЕСО“ во Македонска Каменица, Сашо Јованов.
Оваа одлука е донесена по состанокот во Владата на кој присусутвувал и менаџерскиот тим на рудникот. Било договорено преговорите да почнат во наредните три дена.
Синдикатот бара зголемување на платите за 20 насто, подобра заштита при работа и учество во нето добивката во рудникот.
