Димитров на министерски состанок за Западен Балкан во Сараево

16.03.2018 10:31

Ќе се разговара за стратегијата за проширување на Европската унија со Западен Балкан и очекувањата пред Самитот на берлински процес што годинава се одржува во Лондон.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров учествува на состанокот на министри за надворешни работи на државите од Западен Балкан и на министерската коференција за Фондот за Западен Балкан, што се одржуваат во Сараево.

Ќе се разговара за стратегијата за проширување на Европската унија со Западен Балкан и очекувањата пред Самитот на берлински процес што годинава се одржува во Лондон.

Покрај шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, на состанокот треба да присуствуваат и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захарева, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, генералниот директор на Еврокомисијата за соседска политика и проширување Кристијан Даниелсон, генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ, координаторот за организација на Самитот во Лондон, Ендрју Пејџ и извршниот директор на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓ Мура.

На маргините на собирот ќе биде организрана и тркалезна маса под наслов „Долгиот пат во Европа: Западниот Балкан помеѓу домашните предизвици и геополитиката“, на која се очекува да бидат разменети мислења за зајакнување на регионалната соработка.