Тимоние: Препораката за ЕУ виси поради начинот на кој е донесен Законот за јазиците

16.03.2018 10:37

Немаше консензус и цивилизирана дискусија, оценува францускиот амбасадор во земјава Тимоние и дополнува дека состојбата била разочарувачка.

Законот е донесен на скандалозен начин. Немаше консензус и цивилизирана дискусија, оценува францускиот амбасадор во земјава Тимоние и дополнува дека состојбата била разочарувачка.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за sdk.mk изјави дека може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој вели дека вчерашните инциденти во Собранието не се глетка од парламент на европска држава.

Глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден Pарламент на европска држава. Во период кога земјите членки на ЕУ треба да се произнесат за препораката за преговори, посебно за условеноста на препораката, ќе се постави прашањето дали агендата на Прибе ќе биде брзо усвоена и формално ќе се отвори и прашањето за почитување на Копенхашките критериуми. Европската унија може да интегрира само функционални демократии, изјави амбасадорот Тимоние.