Приведен поранешниот директор на СОЗР, Финансиската полиција денеска со детали

16.03.2018 10:44

Пред најавената прес- конференција на Управата за финансиска полиција, на која ќе бидат презентирани повеќе детали за случајот, се шпекулира дека истрагата се однесува на одржувањето и обезбдувањето на објектот на Владата на Република Македонија, за што биле направени сомнителни договори.

Приведен поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Васе Доневски, потврдуваат од Финансиската полиција. Се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Пред најавената прес- конференција на Управата за финансиска полиција, на која ќе бидат презентирани повеќе детали за случајот, се шпекулира дека истрагата се однесува на одржувањето и обезбдувањето на објектот на Владата на Република Македонија, за што биле направени сомнителни договори.

Од Управата за финансиска полиција велат дека покрај Доневски, со предистражната постапка се опфатени повеќе лица. Сѐ уште траат активностите на терен.