Севернокорејскиот шеф на дипломатијата е во посета на Шведска

16.03.2018 11:39

Целта на патувањето на Ри Јонг- Хо е да се зацврсти билатерланиот однос и прашањата од заеднички интерес со скандинавската земја...

Севернокорејскиот министер за надворешни работи е во ненајавена посета на Шведска пред најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот од Пјонгјанг Ким Јонг- Ун.

Целта на патувањето на Ри Јонг- Хо е да се зацврсти билатерланиот однос и прашањата од заеднички интерес со скандинавската земја која има долга историја на посредување меѓу Вашингтон и севернокорејската престолнина.

По неколкумесечна вербална војна, Трамп ја прифати поканата за директни разговори со Ким во однос на денуклеаризацијата на Полуостровот.