Жртви при уривање на пешачки мост во Флорида
16.03.2018 09:42
Новоизградената конструкција ги поврзувала Меѓународниот универзитет и кампусот, а минувала над булевар со шест ленти.

Неколкумина загинаа при уривање на пешачки мост врз возила во градот Свитвотер, Флорида. Новоизградената конструкција ги поврзувала Меѓународниот универзитет и кампусот, а минувала над булевар со шест ленти.
Мостот тежок 950 тони, изграден според најновите иновативни методи, требаше да ги намали потенцијалните ризици за работниците, патниците и пешаците и да ги спречи сообраќајните метежи во областа.
