Претседателот Иванов во посета на Азербејџан, ќе учествува на Глобалниот Баку форум
Претседателот Иванов ќе се обрати на форумот кој годинава се одржува на тема „Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества“. Предвидено е да оствари средби со повеќе учесници на форумот...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Азербејџан, по повод неговото учество на шестиот Глобален Баку форум во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, соопштија од неговиот кабинет.
Претседателот Иванов ќе се обрати на форумот кој годинава се одржува на тема „Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества“.
На глобалниот форум најавено е учество на претседателот на Република Албанија, Илир Мета, на членот на претседателството на БиХ Младен Иваниќ, на претседателот на Република Молдавија Игор Додон, на турскиот премиер Бинали Јилдирим, на повеќе поранешни претседатели, премиери и министри, како и на голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори и претставници на Програмата за млади лидери.
Предвидено е претседателот Иванов да оствари средби со повеќе учесници на форумот.
