Аљими не дојде на судењето на случајот „Титаник 3“

16.03.2018 12:01

Пратеникот заедно со секретарот на Општинската изборна комисија на Чаир, Исмет Гури е обвинет за уништување на изборен материјал во март 2013-та година за време на првиот круг од изборите за градоначалник.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими не дојде на судењето на случајот „Титаник 3“ поради службено отсуство. Неговиот бранител рече дека тој отпатувал во Тирана во посета на албанскиот Парламент.

Пратеникот заедно со секретарот на Општинската изборна комисија на Чаир, Исмет Гури е обвинет за уништување на изборен материјал во март 2013-та година за време на првиот круг од изборите за градоначалник.

Според обвинението двајцата преправиле над 30 записници за гласање, додавале и одземале гласови и ги потпишале преправените резултати.

Со одлука на ДИК гласањето било повторено. Ново рочиште е за закажано за 27-ми април.