Нема белгиско сомнително месо во Македонија
Белгиско месо во Македонија има, но не од веќе затворената и најголема тамошна фабрика, велат во Агенцијата за храна и ветерина. Европските медиуми пишуваат за аферата со животинска мрша во производите на месната индустрија, кои според „Јуроњуз“, биле извезени во Југоисточна Европа.

Црниот дроб од дивата свиња е преполн со високи концентрации на олово, кадмиум и железо, велат во Агенцијата за храна и ветеринарство. Директорот Атанасов повика на претпазливост.
„Белгиско месо во земјава има, но не од таа компанија. Од таа компанија нема увоз на месо во Макдонија“- вели Атанасов.
Во земјава нема сомнително белгиско месо од најголемата компанија која веќе ја изгуби дозволата за производство. Месната индустрија користела делови од мрша кои биле додавани на производите.
