„Вашингтон пост“: Трамп ќе го смени советникот за национална безбедност, Мекмастер
16.03.2018 13:18
За негови наследници се споменуваат поранешниот постојан претставник на САД во Обединетите нации, Џон Болтон и началникот на канцеларијата на Советот за национална безбедност, Кит Келог.

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да го смени својот советник за национална безбедност генерал Херберт Мекмастер, тврди весникот „Вашингтон пост“.
За негови наследници се споменуваат поранешниот постојан претставник на САД во Обединетите нации, Џон Болтон и началникот на канцеларијата на Советот за национална безбедност, Кит Келог.
Се претпоставува дека Мекмастер нема да биде сменет веднаш.
„Составот на Советот за национална безбедност на Белата куќа нема да се менува“, напиша на Твитер портпаролката Сара Сандерс.
