Метео: Променливо време за викендот
Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 80, а на планините и од 100 километри на час. Ветерот ќе предизвика транспорт на песок и прав од северните делови на Африка.

Утре во Македонија се очекува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 80, а на планините и од 100 километри на час.
Ветерот ќе предизвика транспорт на песок и прав од северните делови на Африка.
Во Скопје температурата ќе достигне до 25 степени. Кон крајот на денот и ноќта кон недела ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а на места се можни и интензивни процеси.
Врнежи од дожд се очекуваат и во недела, а температурите ќе опаднат.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
