Обуки за интеграција на мигрантите и барателите на азил

16.03.2018 15:34

Превентивно дејствување и спречување на расизмот, радикализацијата, исламофобијата- дел од програмата на Европската унија- Еразмус. Се реализираат и обуки за интеграција на мигрантите и барателите на азил...

Седнување на исто место и во исто време на младата популација со мигрантите и барателите на азил е најдобриот начин меѓусебно да се запознаат и да споделат идеи за надминување на стереотипите- ова е целта на Националната агенција за европска образовна програма и мобилност.

Преку континуирани обуки се подига свеста кај младите за активно граѓанство и промовирање на вредностите.

На овој начин ќе се влијае и врз мигрантите во процесот на нивната интеграција. Обуката на национално ниво продолжува во Словенија. Проектот е финансиран од ЕУ.

 

Марина Стојанова- Тонева