АХВ: Во земјава нема сомнително белгиско месо

16.03.2018 15:35

Црниот дроб од дивата свиња е преполн со високи концентрации на олово, кадмиум и железо, велат во Агенцијата за храна и ветеринарство. Директорот Атанасов повика на претпазливост . Во земјава нема сомнително белгиско месо од најголемата компанија која веќе ја изгуби дозволата за производство. Месната индустрија користела делови од мрша кои биле додавани на производите...

Првиот човек на Агенцијата, Зоран Атанасов со апел до ловџиите- да се откажат од ритуалот после уловот да прават гозби со црниот дроб, бидејќи е многу опасен за здравјето. Наместо тоа, граѓаните е потребно целосно да го исфрлат од употреба, зашто во него според последните анализи, има и до десетпати повисоко присуство на тешките метали олово, кадмиум и жива.

Месото од дивечот, кај кој е утврдено присуство на тешки метали е уништено- тврди Атанасов. Вели дека небезбеден за консумирање е и џигерот од зајак и дивите птици. Директорот на Агенцијата е дециден дека во Македонија нема пристигнато ниту килограм од месото од белгиската компанија која ја изгуби дозолата поради фалсификување датуми за рокот на траење на месото и производите, во кои се додавало и делови од животински тела кои се забранети за човечка консумација.

Од Агенцијата на ловџиите им се дадени напаставија како да откријат дали дивечот е заболен од трихинелоза, болест која може да се пренесе од животни на луѓе. Дадени им се совети месото термички да го обработуваат пред употреба.

Атанасов потврди дека минатата година во соседна Србија биле вратени 75 тони брашно поради погрешна класификација, а не поради небезбендост. Тој посочи дека ГМО проверките на оризот од земјава, како и на другите производи е само вештачка бариера за отежнување на извозот на нашите производи во Србија, за заштита на нивните производители.

Фиљана Кока