Груевски: Не ми беше целта да предизвикам инцидент во Собранието

16.03.2018 16:19

Парламентарното мнозинство не чувствува страв по гласањето на Законот за употреба на јазиците, велат од СДСМ. Уверуваат дека слободно се движат и функционираат. Според пратеникот и екс- премиер Груевски, народните избраници кои решиле да го поддржат предлогот го иритираат народот. Вели, во Собранието не можел да остане рамнодушен кон постапката на спикерот Џафери...

Не ми беше целта да предизвикам инцидент во Собранието, ниту пак имав намера физички да се пресметам со Џафери. Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски појаснува за неговата реакција откако беше изгласан Законот за јазиците. Тврди дека собранискиот спикер ја прекршил процедурата.

Пратениците од СДСМ не побарале полициска заштита поради поддршката за Законот за јазиците. Не се плашат за својата безбедност, бидејќи како што рече Јагода Шахпаска, тие се претставници на гласачите.

Од СДСМ се убедени дека претседателот Иванов треба да стави параф на Законот за употреба на јазиците, во спротивно го крши највисокиот правен акт. 

Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат. Претседателот Иванов категоричен- не го потпишува указот за Законот за јазиците.

Игор Панов