Избори
Путин реизбран за претседател на Русија
19.03.2018 07:40
На вчерашните избори, Владимир Путин освои 76,67 од гласовите, покажуваат податоците на изборната комисија од обработени 99,9 отсто ливчиња...

Владимир Путин е реизбран за претседател на изборите во Русија, што се одржаа вчера, освојуваќи 76,67 од гласовите, покажуваат податоците на изборната комисија од обработени 99,9 отсто ливчиња.
Со тој резултат, Путин си го подобри рекордот од 2012 година и помина подобро отколку што покажуваа анкетите пред избори.
Според изборната комисија, одѕивот бил 67,4 проценти, на претходните избори таа цифра била 65 проценти.
