Евроамбасадорот Жбогар во посета на Гостивар
19.03.2018 10:10
Жбогар ќе се сретне со градоначалникот Арбен Таравари, а ќе присуствува и на потпишувањето на Меморандумот за разбирање со Фондацијата „Метаморфоза“...

Евроамбасадорот Семуел Жбогар денеска ќе го посети Гостивар, при што ќе ја промовира кампањата „ЕУ за тебе“.
Жбогар ќе се сретне со градоначалникот Арбен Таравари, а ќе присуствува и на потпишувањето на Меморандумот за разбирање со Фондацијата „Метаморфоза“ за проектот за подобрување на паметниот туризам, финансиран од ЕУ со 375 илјади евра.
Евроамбасадорот ќе има средби и со неколку невладини организации кои спроведуваат проекти поддржани од ЕУ, за подобрување на правата на граѓаните, демократијата и мултикултурализмот во Гостивар.
