САД
Трамп: Истрагата за руското мешање е неоснована
19.03.2018 10:14
Според него, тимот на специјалниот обвинител бил составен од многу радикални и нечесни поддржувачи на ривалката од демократите Хилари Клинтон.

„Истрагата на Мјулер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година е неаргументирана“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Според него, тимот на специјалниот обвинител бил составен од многу радикални и нечесни поддржувачи на ривалката од демократите Хилари Клинтон.
Во меѓувреме, Трамп најави и план за борбата против злоупотребата на наркотици, што вклучува и барање смртна казна за дилери на дрога.
