Почина најстарата преживеана на холокаустот

24.02.2014 12:44

Почина Алис Херц-Зомер, 110-годишната пијанистка која го преживеа холокаустот.

Во 1943 година Зомер и нејзиниот син Рафаел биле депортирани во концентрациониот логор Терезиенштат, во денешна Чешка Република, каде што беа ликвидирани повеќе од 33 илјади Евреи. Алис и Рафаел успеале да го преживеат етничкото чистење за разлика од сопругот Леополд и мајка и Софи, убиени во Аушвиц. Деновиве пијанистката е актуелна со краткометражниот документарен филм „Дамата во број 6: Како музиката го спаси мојот живот“, филмска приказна за нејзината трагедија и животот по војната, која е воедно номинирана и за Оскар. Нејзиниот син Рафаел, инаку ценет виолончелист и диригент, почина во 2001.  

Роберт Димковски