Прилепски театар

„Дороти се враќа во Оз“ за почеток на театарската година

19.03.2018 10:47

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и официјално ја почна календарската репертоарска година со премиера на детска претстава како независен проект. Во тек се подготвоките на нова претстава, а годинава ќе работи на уште три премиери...

Со подарок за најмладата публика, премиерата на „Дороти се враќа во Оз“ како независен проект, Прилепскиот театар и официјално ја почна годинашнава репертоарска програма.

Претставата, како втор дел од „Волшебникот од Оз“, од пред десетина години, целосно го привлече вниманието на децата. И со актерската игра, но и со костимите и музиката. Детската фантазија не може да се надмине, но може да се поттикне и да се разбранува.

Во Прилепскиот театар во тек се подготовките на претставата „Пиреј“ чија премиера е на крајот на април, а ќе се работи и на претставите „Галеб“, „Демократија“ и „Пинокио“.

 

Елизабета Митреска