САД
Тексас: Повредени луѓе во експлозија во Остин
19.03.2018 11:06
На почетокот на месецов, пакети со бомби беа поставени на неколку прагови и усмртија двајца Афроамериканци.

Полицијата во Остин спроведува истрага за експлозијата во која се повредени две лица. Властите ги предупредија граѓаните на Тексас да бидат претпазливи во наредниот период бидејќи е можно да постои поврзаност меѓу последниот инцидент и претходните три експлозии во регионот каде што имаше и жртви.
На почетокот на месецов, пакети со бомби беа поставени на неколку прагови и усмртија двајца Афроамериканци.
Расизмот не е исклучен како можен мотив. Понудена е и парична награда за информација којашто би довела до расветлување на случајот
