Турција: Апсење на стотици илегални мигранти

19.03.2018 12:04

Крајбрежната стража привела и жени и деца од Сирија.

Турските власти уапсиле околу 400 илегални мигранти во јужниот и источниот дел на земјата. Крајбрежната стража привела  и жени и деца од Сирија.

Во неколку операции спроведени во различни делови на Турција се приведени и луѓе од Авганистан и Пакистан, кои влегле илегално во Турција од Иран.