Коѕијас во четврток во Скопје со нацрт- спогодба на 20 страници
За 27-ми март, како датум објавен во македонските и грчките медиуми, кога наводно ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, засега нема официјална потврда...

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во четврток ќе пристигне во Скопје со нацрт- спогодба на 20 страници, јавуваат атинските медиуми. Според дописникот на МИА, Радиото „Атина 984“ јавува дека нацрт- предлогот наводно бил подготвен од грчкото МНР и потоа разгледан од премиерот Ципрас и од министерот Коѕијас.
Во однос на информациите во грчките медиуми од изминатите денови, дека нацрт- спогодбата е доставена до Македонија, македонски дипломатски извори за МИА велат дека грчките предлози не се пристигнати и очекуваат нив да ги достави самиот Коѕијас, при неговата посета на македонската метропола.
За 27-ми март, како датум објавен во македонските и грчките медиуми, кога наводно ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, засега нема официјална потврда ниту од Скопје ниту од Атина.
