Заев е оптимист за решение за името, ако се води сметка за достоинството и за иденитетот

19.03.2018 12:31

Тој посочи дека луѓето што преговараат се само поединци, а на крајот институциите на Македонија и на Грција се тие коишто одлучуваат.

„Верувам дека е можно да се најде решение и оптимист сум, ако притоа водиме сметка за достоинството и за идентитетот. Мене ми е важно како тоа ќе го прими грчката јавност и дали ќе биде прифатливо  низ нивните институции“, изјави премиерот Заев за најавената посета на шефот на грчката дипломатија на македонската метропола.

Тој посочи дека луѓето што преговараат се само поединци, а на крајот институциите на Македонија и на Грција се тие коишто одлучуваат.

„Верувам дека може да се направи исчекор, можеби не до крај да се реши, но секако да се приближиме зашто деновите и месеците се трошат, а ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем. Верувам дека тоа сака да го направи и грчката страна“, потенцира Заев.

Премиерот ја оценува средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас што ќе се одржи неделава во Скопје и преговорите со медијаторот Метју Нимиц како можност за приближување кон решавањето на проблемот што го има Грција со нашето уставно име. Најави дека по средбата со Нимиц наверојатно ќе следува и нова лидерска средба.