ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не спроведува селективна правда
Јавното обвинителство замижува пред криминалот на власта, а без никаква основа се монтираат обвиненија и се инсистира на притвори за сите кои не ги делат истите политички убедувања со Зоран Заев- велат од опозициската партија...

Правдата не е правда, доколку е селективна. Јавното обвинителство мора да почне да си ја врши функцијата и да престане да биде инструмент на Зоран Заев за политичка пресметка- рекоа од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.
Јавното обвинителство замижува пред криминалот на власта, а без никаква основа се монтираат обвиненија и се инсистира на притвори за сите кои не ги делат истите политички убедувања со Зоран Заев.
„МВР се пофали дека набавило 40 шкоди. Доколку било кој обвинител отиде во салонот на генералниот импортер во Скопје или ја отвори интернет страната ќе види дека основната верзија на Шкода Октавија чини околу 15.000 евра. Веројатно доколку би купил 10 шкоди би добил попуст. Доколку купи 40 шкоди и за нив плати одеднаш, попустот сигурно би бил уште поголем и целата набавка би чинела и помалку од 500.000 евра, но не треба да се шпекулира туку Јавниот обвинител треба да покаже сериозна грижа околу тоа каде завршија милион евра и зошто токму таму?“- изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
До каде е истрагата со двајцата владини функционери фатени во корупција- прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
