Градежништво

Нов закон за градежни производи за подобар квалитет и контрола

19.03.2018 15:17

Се подготвува нов закон за градежни производи кој треба да го подобри нивниот квалитет и контролата, велат од Здружението на градежништво и индустрија. Според новиот закон, компаниите ќе треба да одговараат за квалитетот на градежните материјали, а ќе се зголеми и контролата на увезените. Од Здружението посочија дека во изминатите години се вршел увоз на небезбедни градежни материјали...

Се подготвува нов закон за градежни производи. Tреба да го подобри квалитетот на домашните градежни материјали, велат од надлежното здружение при Стопанската комора. Се очекува законот да биде донесен до крајот на годинава.

Од Здружението велат дека компаниите кои нема да го применат, нема да можат да учествуваат на тендери.

Од Здружението велат дека во изминатите години се вршел увоз на небезбедни градежни материјали, цемент и арматура. Најголемиот дел од арматурата е увезувана од Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина, а цементот од Албанија и од Турција.

По реакцијата до надлежните институции, Царината, пазарниот и градежниот инспекторат, материјалот бил повлечен од употреба.

 

Дијана Ценевска