Метео: Поинтензивни врнежи во среда
19.03.2018 15:20
Утре ќе преовладува умерено облачно и претежно суво време со умерен до засилен ветер од западен правец, особено во јужните и западните делови од земјата...

Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно и претежно суво време со умерен до засилен ветер од западен правец, особено во јужните и западните делови од земјата.
Претпладне можен е краткотраен локален дожд на некои планинските предели.
Нови поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во среда, а во четврток на повеќе места врнежите од дожд ќе преминат во снег.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
