Постигната согласност за голем дел од договорот за Брегзит
По средбата со министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, преговарачот од Брисел, Мишел Барние изјави дека транзицискиот период ќе стартува на 29-ти март 2019-та година, датумот на официјланото повлекување на Британија од Унијата, а ќе заврши на 31-ви декември 2020-та година.

Обединетото Кралство и Европската унија постигнаа согласност во голем дел за договорот кој ќе придонесе за уредно повлекување на Британија од блокот.
По средбата со министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, преговарачот од Брисел, Мишел Барние изјави дека транзицискиот период ќе стартува на 29-ти март 2019-та година, датумот на официјланото повлекување на Британија од Унијата, а ќе заврши на 31-ви декември 2020-та година.
Согласност е постигната за правата на европските граѓани во Обединетото кралството и за британските жители во Унијата.
