Опожарена викендичката на кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

19.03.2018 16:14

Синоќа околу 22.30 часот е опожарена викенд- куќата на координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески. Пожарот го пријавил очевидец, а интервенирала противпожарната единица. Денеска увид на лице место правеше полицијата. Според Ристески, кој вели дека немал лични непријатели, станува збор за политички мотивирано дело и бара што поскоро да се расчисти случајот, да се откријат сторителите и нарачателите. За расчистување на случајот се огласија и општинската организација на СДСМ и прилепскиот градоначалник...

Синоќа, околу 22:30 часот во пожар изгоре викенд- куќата на коордианторот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески. Ристески, кој за пожарот дознал час подоцна од Противпожарната единица, смета дека пожарот е политички мотивиран.

Со соопштение за случајот се огласија од Општинската организација на СДСМ и прилепскиоот градоначалник Илија Јованоски. Се бара да се расчисти случајот да нема сомнеж.

Локалните власти сметаат и дека личната и материјалната безбедност на политичарите е имепратив за демократското општество, зашто Ристески е и член на општинскиот совет. Од општинската организациа на СДСМ, пак, соопштуваат дека ВМРО-ДПМНЕ наместо кон нив, вниманието да го насочи во внатрепартиските превирања и да не се служи со закани и уцени.

Полицијата денеска правеше увид на местото на пожарот во месноста Кула во околината на Прилеп.

 

Елизабета Митреска