Коѕијас: Спогодбата е испратена до Скопје

20.03.2018 10:10

Шефот на грчкатга дипломатија за грчката државна телевизија изјави дека до нашата земја ги испратил грчките предлози за прашањето за името, како и агенда за идна соработка...

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас објави дека до нашата земја ги испратил грчките предлози за прашањето за името, како и агенда за идна соработка.

„Изработивме текст со нашите предлози во целост како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идна агента на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје“, изјави шефот на грчката дипломатија за грчката државна телевизија ЕРТ.

Грчкиот министер за надворешни работи се очекува неделава да допатува во посета на Mакедонија.