Светска банка: 231 илјада нови работни места во земјите од Западен Балкан минатата година

20.03.2018 10:26

Косово е лидер во регионот, со зголемување на вработеноста од 9,2 проценти, по што следуваат Србија со 4,3 насто, Црна Гора, Албанија, Македонија со 2,7 насто и Босна и Херцеговина со 1,9.

Зголемувањето на вработеноста во текот на минатата година за 3,9 проценти доведе до создавање 231 илјада нови работни места во шесте земји од Западен Балкан- се вели во извештајот „Трендовите на пазарот на трудот на Западен Балкан 2018“, објавен од Светска банка и Виенскиот Институт за меѓународни економски студии.

Невработеноста, исто така, се намали од 18,6 на 16,2 проценти, достигнувајќи историски ниски нивоа во некои од земјите- се вели во извештајот.

Косово е лидер во регионот, со зголемување на вработеноста од 9,2 проценти, по што следуваат Србија со 4,3 насто, Црна Гора, Албанија, Македонија со 2,7 насто и Босна и Херцеговина со 1,9.

Според банката, и покрај напредокот, ниските стапки на активност, особено кај жените и младите, заедно со високите стапки на долгорочна невработеност и проблемот со неформалната работа, продолжуваат да наметнуваат предизвици врз одржливиот економски раст во регионот.