Почна вакцинацијата во краварските фарми

20.03.2018 10:29

Ветеринарите на терен. Почна вакцинацијата за добиточната болест „јазчеста кожа“. Имунизацијата ќе трае до крајот на мај, а ќе бидат опфатени сите краварски фарми. Напоредно ќе се врши и ажурирање на податоците за бројноста на говедата.

Почнува вакцинацијата на говедата против болеста „јазлеста кожа“. Вакцинацијата ќе трае до 31-ви мај, а се спроведува согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните од страна на овластените ветеринарни друштва.

Со 230.000 дози од вакцината, донација од Евроската унија, опфатена ќе биде целата популација говеда во земјава.

Болеста „јазлестакожа“ засега е ставена под контрола благодарение на претходните имунизациски кампањи и нема нови заболени животни.

Последниот случај на оваа болест е евидентиран во јуни 2017-та година во Кривопаланечко.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, паралелно со вакцинацијата ќе се внесуваат и податоци за секое одгледувалиште одделно, со цел олеснување на постапката за контрола и исплата на субвенциите за сточарите.

 

Методија Трајков