Пекинг

Кинескиот премиер вети поголемо отворање на економијата

20.03.2018 10:33

На прес-конференцијата по повод крајот на годишната сесија на кинескиот Парламент, потенцираше дека не сака трговска војна со Вашингтон, алудирајќи на најавените царински давачки за извоз во САД.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг најави дополнително отворање на националната економија и подобра заштита на интелектуалната сопственост. На прес-конференцијата по повод крајот на годишната сесија на кинескиот Парламент, потенцираше дека не сака трговска војна со Вашингтон, алудирајќи на најавените царински давачки за извоз во САД.

Кина никогаш нема да се стреми кон експанзија и хегемонија во светотПекинг не сака голем американско- кинески трговски дефицит. Се надеваме дека САД ќе ги укинат извозните ограничувања на Кина за висока технологија“, изјави Ли Кечијанг, премиер на Кина.

И натаму ќе се редуцира соодносот меѓу долгот и бруто- домашниот производ во земјата којашто е способна да ги предвидува финансиските ризици.