ВМРО-ДПМНЕ: Правдата е на колена од политичките злоупотреби
Дали ќе има одговорност доколку СЈО верува дека тогашната власт ја монтирала истрагата? Дали ќе има одговорност за судиите кои тогаш го воделе предметот, бидејќи според Катица Јанева суделе без докази?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира поради ослободување на обвинетите во случајот „Сопот“, што според партијата била една од точките во платформата потпишана во Тирана на 7-ми јануари 2017-та година, а една година подоцна СЈО ги ослободи со образложение дека немало докази.
ВМРО-ДПМНЕ прашува- кои се првите луѓе на МВР, Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање одговорни за истрагата, и дали тие знаеле за изнесените информации?
Дали ќе има одговорност доколку СЈО верува дека тогашната власт ја монтирала истрагата? Дали ќе има одговорност за судиите кои тогаш го воделе предметот, бидејќи според Катица Јанева суделе без докази?
ВМРО-ДПМНЕ смета дека правдата е на колена од политичките злоупотреби, Тиранската платформа се реализира, а скандалите се покриваат со монтирани обвиненија во кои уметници, режисери, артисти, пратеници без никакви докази се прогласуваат за терористи.
