Шекеринска во официјална посета на Турција
Во фокусот, размена на мислења за актуелната полтичка ситуација во државава и во регионот. Ќе се разгледуваат и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска е во официјална посета на Турција. По разговорите со турскиот министер за одбрана Џаникли, на агендата и средба со премиерот Бинали Јилдирим и шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.
Во фокусот, размена на мислења за актуелната полтичка ситуација во државава и во регионот. Ќе се разгледуваат и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Акцент според кабинетот на Шекеринска ќе биде ставен и на заедничките мировни операции и очекувањата од претстојниот НАТО самит во Брисел и поддршката од Турција за Македонија.
