Врховен ги разгледува жалбите на осомничените за 27-ми април

20.03.2018 13:36

Станува збор за вкупно 13 жалби за 15 обвинети меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, оперскиот пејач Игор Дурловски, како и полицискиот службеник Мунир Пепиќ.

Врховниот суд денеска ја почна, но кусо потоа даде пауза на јавната седница на која треба да решава за притворите на обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија, од 27 април минатата година.

Станува збор за вкупно 13 жалби за 15 обвинети меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, оперскиот пејач Игор Дурловски, како и полицискиот службеник Мунир Пепиќ.

На самиот почеток- пауза од 45 минути бидејќи, како што објасни претседателот на Врховниот суд и претседавач со судскиот совет, Јово Вангеловски, пред почетокот на седницата бил доставен предлог од Јавното обвинителство, кој треба да им се достави на адвокатите на обвинетите.

На јавната седница не е присутен обвинетиот Оливер Поповски, поранешен началник за обезбедување во МВР.

Муковски, Василевски и поранешниот министер, Митко Чавков се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.