СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за штетите

20.03.2018 14:02

Штетите предизвикани од 11- годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, економијата се стабилизира- стои во реакцијата.

СДСМ реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за економските политики. Од владејачката партија велат дека економските параметри ги демантираат неговите празни зборови.

Штетите предизвикани од 11- годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, економијата се стабилизира- стои во реакцијата.

Со успешните политики на Владата предводена од СДСМ, состојбата е надмината и во последниот квартал од 2017-та е забележан раст од 1,2 насто, индустриското производство е позиционирано со раст од 8,4 насто во споредба со истиот период лани, а стапката на невработеност е помала- изнесува 21,9 проценти, помала од 2016-тата која била 23,1 процент- посочуваат од СДСМ.