„Фејсбук“ и „Кембриџ Аналитика“ во центарот на скандал

20.03.2018 14:19

Приказната содржи наводи за психолошка манипулација и за злоупотреба на податоци што предизвика меѓународни реакции. Двете фирми негираат каква било злоупотреба.

Техничкиот гигант „Фејсбук“ и фирмата за анализа на податоци „Кембриџ Аналитика“ се во центарот на скандал околу собирањето и користењето на лични податоци на клиенти.

Приказната содржи наводи за психолошка манипулација и за злоупотреба на податоци што предизвика меѓународни реакции. Двете фирми негираат каква било злоупотреба.

Британија најави дека ќе побара налог за да се испитаат базата на податоци и серверите на компанијата „Кембриџ Аналитика“, која се сомничи дека искористила лични податоци на 50 милиони корисници на „ФЕЈСБУК за влијание врз претседателските избори во САД во 2016-та година.