„Бикини Мун“ на Манчевски в четврток премиерно во Македонија
В четврток во Кино „Милениум“ премиерно ќе биде прикажан петтиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски- „Бикини Мун“. Филмот е Американско- германска копродукција, а во Португалија каде што ја имаше европската премиера, освои специјална награда од жирито...

„Бикини Мун“ прашува колку јавноста е манипулирана од медиумите, во генерација, во која секој може да користи камера, споделува видеа и станува влијателен. „Бикини Мун“ нѐ потсетува дека не е вистина сѐ што гледаме. Со формат на лажен документарец, филмот зборува за Бикини, поранешна жена- маринец, која се враќа од Ирак. Се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го врати старателството врз малата ќерка.
„Бикини Мун“ е снимен во Њујорк и е Американско- германска копродукција. Во него учествуваат двајца македонци, композиторот Игор Василев и мајсторот на визуелни ефекти, Мишо Ристов.
„Бикини Мун“ ја освои специјалната награда од жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Португалија, каде што ја имаше својата европска премиера. Светската премиера на фестивалот беше во Сао Паоло, каде што бразилската критика го окарактеризира филмот на Манчевски како „брилијантен авторски филм“.
Александра Спировска
