Метео: Утре променливо облачно, повремени врнежи од дожд

20.03.2018 14:29

Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде што локално може да наврне над 15 литри на метар квадратен.

Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде што локално може да наврне над 15 литри на метар квадратен.

Во Скопје температурата ќе достигне до 14, а максималната на југоисток до 18 степени.

Од четврток ќе настапи поизразена промена на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска