МТСП: Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
Со измените на правилникот е пропишано дека самохран родител со плата и други месечни примања во износ до минималната плата утврдена со закон, се ослободуваат од плаќање партиципација за сместување дете во детските градинки.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека самохраните родители со ниски примања повеќе нема да плаќаат партиципација за сместување на дете во градинка.
Со измените на правилникот е пропишано дека самохран родител со плата и други месечни примања во износ до минималната плата утврдена со закон, се ослободуваат од плаќање партиципација за сместување дете во детските градинки.
Барањата со потребната документација ќе се поднесуваат до јавната установа во која ќе престојува детето- се вели во соопштението на ресорот за труд и социјална политика.
