САД: Нов напад во училиште во Мериленд
20.03.2018 15:26
Сѐ уште нема информации кој го извршил нападот, ниту пак дали има жртви. Училиштето е под клуч и во моментов се одвива истрага.

Вооружен напад е пријавен во средното училиште „Грејт Милс“ во Мериленд, во округот Сент Мери.
Сѐ уште нема информации кој го извршил нападот, ниту пак дали има жртви. Училиштето е под клуч и во моментов се одвива истрага.
Еден ученик кој успеал да излезе изјавил дека најверојатно се повредени седум лица, а дека едно е убиено.
Медиумите потсетуваат дека на почетокот од годината имало 16 пукања во училишта ширум САД. Во последниот инцидент во средината на февруари на Флорида беа убиени 17 луѓе.
